Лавров: Лондон и Париз вршат притисок врз ООН поради Сирија

Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Велика Британија и Франција вршат притисок врз Бан Ки Мун за да се промени датумот на мандатот кој го имаат меѓународните инспектори во Сирија.

Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Велика Британија и Франција вршат притисок врз Бан Ки Мун за да се промени датумот на мандатот кој го имаат меѓународните инспектори во Сирија.

„Кога во март годинава недалеку од Алепо се случи инцидент, многу веројатно ист како оној со примената на хемиско оружје недалеку од Дамаск, сириската влада побара од ООН веднаш да испрати инспектори за да го истражи тој инцидент. Бан Ки Мун се согласи. Но потоа врз него беше извршен притисок – јас нема да кријам ништо за тоа, бидејќи отворено за тоа се зборуваше – Велика Британија и Франција изјавија дека нема да се пратат инспектори за истражување на тој инцидент“, изјави Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.