Русија ги отфрли изјавите на САД дека во Сирија било применето хемиско оружје, нарекувајќи ги тие обвинувања „целосна бесмислица“, и предупреди дека секоја воена акција без санкции од ООН ќе биде нарушување на меѓународното право. Сепак, што може да направи Русија како одговор на ударот на САД врз Сирија?
Експертите сметаат дека Русија нема да презема никакви решителни мерки против САД: најверојатно е тоа дека таа јавно ќе ги осудува САД и нивните дејства, и ќе продолжи да го прави во Сирија тоа што го правеше и досега. Експертот Стивен Пајфер (поранешен амбасадор на САД во Украина) смета дека Русија има ограничен број на варијанти за „казнување“ на САД.
Русија децидно истапува против нападот Москва е последниот сериозен сојузник на Сирија, нејзин финансиски и воен покровител. Единствено тој сојуз ѝ помага на Русија да ги задржи она малку влијание во регионот и во Средоземното море. Сепак, на крај Русија ќе разбере дека таа не може да го спречи нападот, па затоа се смета дека ќе ја прекине соработката со САД во важните за нив сфери. Русија ќе продолжи да испорачува оружје и да дава финансиска помош на Асад, бидејќи, како што пренесува Ројтерс, во последниве неколку месеци врските меѓу двете земји дополнително се зацврстиле.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче