Странските транзит-туристи ќе можат да се наоѓаат во Русија без виза 72 часа

Комисијата на руската Влада го одобри законските нацрт кој се однесува за намалување на визните бариери кои се сметаат за пречка за развојот на туризмот во Русија, известија во прес-службата на Советот на министрите на Руската Федерација.

Според законскиот проект, странските граѓани кои патуваат низ Русија ќе можат да се задржат во државата до 72 часа без виза. Значи, странците кои, на пример, летаат од Кина во Шпанија преку Москва, можат да се наоѓаат во Русија без виза до 72 часа. Додека го чекаат својот следен авион, туристот може да излезе од аеродромот и да замине до градот.

Се претпоставува дека безвизниот режим во траењето до 72 часа ќе важи за туристите кои слетуваат во Москва, Санкт Петербург и Казањ. Тоа се градови кои предничат според бројот на пристигнати туристи не само во Русија, туку и во Европа.

Патникот ќе мора да има: личен документ, дозвола за влез, здравствено осигурување за време на престојот во Русија, договор за туристички услуги (вклучувајќи сместување или екскурзија, ако туристот се наоѓа во Русија помалку од 24 часа). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња