Русија одобри преструктуирање на кредитот за Кипар

Руската влада одобри план за преструктуирање на кипарскиот кредит од 2,5 милијарди долари, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на заменикот министер за финансии, Сергеј Сторчак.

Руската влада одобри план за преструктуирање на кипарскиот кредит од 2,5 милијарди долари, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на заменикот министер за финансии, Сергеј Сторчак.

Според новите услови, Кипар ќе го враќа долгот на осум еднакви рати од 2016 година. Со претходниот договор Кипар требаше да биде исплатен во целост. „Тие ќе го исплаќаат кредитот со намалена камата од 2,5%“, појасни Сторчак.

Русија во 2011 година му даде на Кипар кредит од 2,5 милијарди долари со рок на исплата од 4,5 години со каматна стапка од 4,5%, многу пониска од европските каматни стапки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.