Пушков: на Обама треба да му се одземе Нобеловата награда за мир

Шефот на комитетот во Државната Дума за меѓународни работи, Алексеј Пушков, смета дека на Барак Обама треба да му се одземе Нобеловата награда за мир доколку САД ја нападнат Сирија.

Шефот на комитетот во Државната Дума за меѓународни работи, Алексеј Пушков, смета дека на Барак Обама треба да му се одземе Нобеловата награда за мир доколку САД ја нападнат Сирија.

„Ако САД извршат воен удар врз Сирија без одобрување на ООН, светската јавност треба да побара од Нобеловиот комитет да му се одземе на Обама наградата за мир“, напиша Пушков на Твитер.

Обама стана претседател во јануари 2009 и истата година ја доби Нобеловата награда за мир. Наградата му беше доделена со формулација „за големи напори во јакнењето на меѓународната дипломатија и за соработка меѓу луѓето“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња