Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, смета дека демографската криза е опасна за Русија исто како што е опасна и војната, а основните причини за таа криза, според патријархот - се разводите и абортусите.
„Иако војната за која зборувам е невидлива, нашиот народ веќе трпи огромни загуби од неа“, ги пренесува Интерфакс зборовите на патријархот.
„Ние ќе бевме друга држава ако немавме толкав број абортуси и толку разводи - околу 70% од бројот на склучени бракови“, додаде Кирил.
Според неговото мислење, загубата на семејните вредности доведе до неспособност на самите Руси самостојно да ја населуваат својата држава. Тој изјави дека додека летал над Сибир, гледал „огромни простори каде никој не живее и каде има толку малку луѓе“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче