Metallica ќе дојде во Москва на премиера на својот филм

Премиерата на филмот ќе се одржи на 14 септември во Државниот Кремљовски Дворец.

Музичарите на легендарната американска група Metallica, Ларс Улрих и бас-гитаристот Роберт Трухиљо ќе допатуваат во Москва на премиерата на својот филм "Metallica: Through teh Never". Ова го пренесува Интерфакс, повикувајќи се на организаторите на случката.

Премиерата на филмот ќе се одржи на 14 септември во Државниот Кремљовски Дворец. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.