Екипа од Google изјави дека започнала со обновување на картографските служби и усовршување на системот карти за руските мегалополиси. Работата се врши во склоп на проектот Ground Truth.
Внесените промени во Google Maps се однесуваат на 250 руски градови (вклучувајќи ги Москва, Санкт Петербург, Новосибирск, Екатеринбург и други големи населени места на западот на државата). Обновените карти содржат детална информација за пешачките зони во многу познати паркови, како и информација за историските објекти, со што се олеснува пешачката навигација. Местата кои често се посетуваат (универзитети, болници и други објекти) се исто така појасно означени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче