Началникот на Федералната служба за миграција на Русија, Константин Рамадановски изјави дека до 2030 година во Русија нема повеќе да има хартиени лични карти, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека сите сегашни документи ќе бидат заменети со електронски картички кои ќе почнат да се изработуваат од 2016 година. На тие картички ќе биде наведен даночниот број, бројот за пензиско осигурување, електронски, односно дигитален потпис, а ќе биде оставено место и за отпечатоците од прстите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче