За сите оние кои се занимаваат со творештвото на Андреј Тарковски, летово беше вонредно богато. Две случки - една ветена, а другата неочекувана - ги изненадија почитувачите на Тарковски. Во средината на јуни архивата на Андреј Тарковски, кој претходно припаѓаше на неговата асистентка Олга Суркова, беше купена во Sothbeby и беше прикажана на изложбите во Иваново и Јурцево во рамките на филмскиот фестивал „Огледало“ („Зеркало“). А во втората половина на јули првата жена на Андреј Тарковски, актерката и режисерка Ирма Рауш--Тарковскаја, му предаде на музејот „Домот на Тарковски“ интересна архива, во која се најдоа документи поврзани со животот не само на синот, туку и на таткото на Андреј - Арсениј Тарковски.
Изложбата во Јуревецкиот музеј даде претстава за тоа колку е голема содржината на архивски материјали кои сега треба да се разгледуваат и чуваат. Документите се далеку од систематизирање и проучување, па затоа не може да стане збор за брзо одговарање на прашањето дали може да се дознае нешто ново од нив.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче