Програмерите од Русија се подготвуваат за Светската Олимпијада за роботи во Индонезија

Руските роботи, создадени од млади програмери, ќе се борат за победа на претстојната Светска Олимпијада за роботи која ќе се одржи од 15 до 17 ноември во Индонезија.

Руските роботи, создадени од млади програмери, ќе се борат за победа на претстојната Светска Олимпијада за роботи која ќе се одржи од 15 до 17 ноември во Индонезија.

Како што пренесува ИТАР-ТАСС, еден од тренерите на руската екипа, Олег Горнов, изјави дека Русија на овој турнир по робототехника ќе биде претставена во две категории.

Горнов забележа дека најсилната конкуренција за руската екипа годинава доаѓа од Малезија, Јапонија и Кина.

„Таму инженерите ги создаваат роботите, а потоа им ги даваат на доработка на децата. Во нашата екипа сите роботи се направени од „нула“ од нашите деца“, подвлече Горнов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња