Градоначалникот на Владивосток предлага да се премести главниот град на истокот на Русија

Во интервју за радиостаницата „Ехото на Москва“, Игор Пушкарев, градоначалник на Владивосток објасни дека преместувањето на главниот град на Русија би можело да реши не само многу економски проблеми на источниот дел на државата, туку и територијални прашања.

Во интервју за радиостаницата „Ехото на Москва“, Игор Пушкарев, градоначалник на Владивосток објасни дека преместувањето на главниот град на Русија би можело да реши не само многу економски проблеми на источниот дел на државата, туку и територијални прашања. Пушкаров својата идеја ја темели на статистичките истражувања кои кажуваат дека државите, чии главни градови се наоѓаат на источниот дел, побрзо и подинамично се развиваат.

Минатата година Сергеј Собјанин, градоначалник на Москва, ја критикуваше ваквата идеја. Според неговото мислење, таквата одлука би ги намалила инвестициите и вработеноста, што би резултирало со „катастрофа“ за жителите на Москва и Московската област. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.