„Аерофлот“ ги избра маршрутите за својата нискобуџетна компанија: планирани се летови од Москва во Санкт Петербург, Сочи и Калининград

Авионите на новата руска нискобуџетна компанија, чие создавање е планирано во рамките на „Аерофлот“, ќе започнат со летови од Москва во Санкт Петербург, Калининград и Сочи веќе во следната година.

Авионите на новата руска нискобуџетна компанија, чие создавање е планирано во рамките на „Аерофлот“, ќе започнат со летови од Москва во Санкт Петербург, Калининград и Сочи веќе во следната година. Ова, како што пренесува РИА „Новости“, го изјави заменикот министер за транспорт на Руската Федерација, Валериј Окулов.

Окулов потврди дека маршрутите веќе се создадени и се очекува почеток на летовите во втората половина на 2014 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња