Сириските власти во својата земја ги повикуваат членовите на комитетот на Државната Дума за информациска политика. Оваа вест ја пренесе агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на претседателот на комитетот, Алексеј Митрофанов.
Според зборовите на Митрофанов, Сирија ги повика руските пратеници за самите да се уверат што се случува во Сирија, односно „колку реалноста се претставува искривено во медиумите“.
Митрофанов изјави дека предлогот на сириската страна се разгледува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче