Хипотекарното кредитирање во Русија значително е помало од она во Европа, пресметаа во Deloitte. Во просек Русите се задолжени по 311 евра.
Во Русија нивото на задолженост за хипотекарни кредити е 20 пати помало од она на Европската унија. Средно земено, државите во Европа имаат 51% од БДП за хипотекарни кредити. Највисоко е нивото на задолженост во Холандија и Данска, а најниско е во Чешка. Во Русија задолженоста изнесува само 2,6% од БДП, односно околу 311 евра по лице, што е дури 7 пати помалку од Полска (2.280 евра по лице).
Според експерти од „Алфа-банк“ во Русија, ниското ниво на задолженост за хипотекарни кредити укажува на тоа дека Русите претпочитаат краткорочни кредити.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче