NYT: Русија нема да се вмеша во случај на интервенција во Сирија

Отсуството на коментари за сириската криза од претседателот на Русија, Владимир Путин, може да означува дека Русија нема да се вмешува доколку Западот започне активна воена кампања во Сирија, пишува The New York Times.

„Претседателот Путин јавно избегнува да ја коментира ситуацијата со хемискиот напад во Сирија, во кој загинаа стотици луѓе. Наместо тоа, тој го помина денот на нападот како ништо да не се случило“, се кажува во  материјалот.

Таквото однесување на Путин означува дека Русија малку може да направи за да ја спречи воената интервенција доколку САД и другите држави започнат дејства без дозвола од Советот за Безбедност на ООН. Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во коментар за новинарите даде до знаење дека реакцијата на Русија за евентуалната интервенција „ќе биде ограничена на зборови“. Како што смета авторот, имено таквата позиција ја прифаќа и Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња