На авиоизложбата МАКС-2013, која од 27 август е отворена во подмосковскиот град Жуковски, склучени се првите значајни договори за продажба на авиони и хеликоптери.
Првиот договор е склучен со компанијата „ЈУТер“ за продажба на шест авиони Суперџет 100 LR Long Range со зголемен радиус на лет. „Цивилната ацијација Сухој“ со компанијата „Илјушин финанс“ склучи договори за испорака на 20 авиони. Исто така, потпишани се документи за продажба на 52 авиона МС-21, а компанијата „Хеликоптери на Русија“ со колумбиската компанија "Vertical Aviacion" потпиша договор за испорака на пет хеликоптери од типот Ми-171А1 и пет хеликоптери Ка-62.
Освен овие конкретни договори, руската државна корпорација „Ростех“ со европскиот аерокосмички гигант "EADS" склучи договор за стратешко партнерство на неодредено време. Двете страни заеднички ќе градат авиони, ќе произведуваат авионско биогориво од еколошки чисти суровини, титаниумски делови за авионите и високотехнолошки производи наменети за воената индустрија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче