Повеќето корисници на мобилни телефони во Русија страдаат од мобилен спам. Ова се кажува во извештајот на меѓународната антивирусна компанија ESET. Во анкетата зедоа учество повеќе од 800 луѓе.
76% од анкетираните страдаат од спам: од нив 65% се пожалиле на регуларни СМС пораки кои ги добиваат, а 2% се пожалиле на рекламни повици.
24% од анкетираните никогаш не се судриле со мобилен спам, се пренесува во извештајот на ESET.
„Резултатите не нѐ изненадија многу. Не е тајна тоа што во продавниците и рестораните ние често го оставаме својот телефонски број кога пополнуваме анкети, пријави и т.н.“, изјави Елена Тољ, шефот на одделот за маркетинг во ESET.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче