Воведувањето на давачки за увоз на десктоп компјутери ја примора американската компанија Hewlett-Packard да започне со произведување на компјутери во фабриката Foxconn која се наоѓа во Санкт Петербург.
Фабриката Foxconn во Санкт Петербург започна со производство на десктоп компјутери Hewlett-Packard, изјави за „Ведомости“ претставник од Hewlett-Packard.
Во почетокот на 2013 година Русија воведе 10% данок за увоз на десктоп компјутери, што доведе до раст на цените на рускиот пазар. Започнувањето со производство на овој вид компјутери во Русија ќе ја намали цената и времето на испорака за 2-3 пати, со што компјутерите Hewlett-Packard ќе бидат поисплатливи за државните установи, како и за приватните лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче