Владата на Русија размислува за зголемување на пензиската возраст

Владата на Русија ги разгледува новите предлози за намалување на буџетските трошоци за пензии - до 300 милијарди евра до 2020 година. Меѓу идеите за намалување на трошоците се и плановите на зголемување на пензиската возраст, но само за жените.

Моменталната пензиска возраст за жените во Русија е 55 години, а плановите на Владата предвидуваат зголемување до 60 години во рок од 10 години, почнувајќи од 2019 година.

Според податоците од првиот квартал во 2013 година, пензија во Русија добиваат 37,4 милиони луѓе, а 13,9 милиони од нив продолжуваат да работат и после официјалната пензиска возраст. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.