Новите руски радиолокатори „гледаат“ дури авиони со „стелт“ технологија

Новосоздадените системи за радиолокација ќе им дозволат на силите на Воено-космичката одбрана на Русија да ги откриваат практично сите видови аеродинамични цели, меѓу нив и оние кои се создадени според „стелт“ технологијата, изјави за новинарите Алсексеј Золотухин, претставник во министерството за одбрана на Руската Федерација.

„Според своите тактичко-технички карактериттики, новиот радиолокатор ги надминува можностите на сите претходни генерации. Радиолокаторот има различни режими на скенирање на пространството кои му дозволуваат да ги открие сите видови аеродинамични цели - авиони, хеликоптери, крилести ракети (дури и тие со „стелт“ технологија) на било која височина“, изјави Золотухин.

Новите радиолокатори ќе бидат тестирани од 27 до 31 август. За оперативно откривање на воздушните цели ќе се тестираат новите руски авиони со „стелт“ технологија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња