Nielsen: потрошувачките навики на Русите се приближуваат со оние на Западот, разликата е само во „културните особености“

Потрошувачките навики на Русите постепено се приближуваат со однесувањето на потрошувачите во западните држави, иако културните особености овде и понатаму играат посебна улога и влијаат врз развојот на различните категории на стоки. Ова е заклучокот на организаторите на социолошкото истражување The Nielsen Global Survey.

Според податоците од анкетата, руските потрошувачи претпочитаат да прават свесен избор, за разлика од жителите на Азија. 56% од Русите сметаат дека не купуваат без претходно размислување; 63% сметаат дека треба да се тестира, провери производот пред да го купат.

Освен тоа, анкетираните во Русија претпочитаат да купуваат производи по препорака на своите пријатели или експерти: 60% од Русите бараат совет од своите пријатели, а на 63% доволно е мислењето на професионалците.

76% од анкетираните се интересираат за новините на пазарот, иако само мал дел од нив се подготвени да купат нов продукт со необичен дизајн или вкус. Повеќето претпочитаат додека некој не го проба продуктот, па даде оценка за него. 60% од Русите имаат однапред определена марка производи кои ги купуваат, 81% претпочитаат квалитет, а дури 47% се подготвени да платат дури повеќе за познати марки производи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.