Русија треба во целост да осознае колку е сериозна ситуацијата со сириската криза. Ова го изјави поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, лорд Дејвид Овен за The Mirror.
„Мене ми се чини дека треба нешто да се преземе, и Русите треба да го сфатат тоа. Ние сме подготвени да реагираме на тие напади со гас, со Русија треба да соработува заедно со нас“, се кажува во материјалот.
Според мислењето на поранешниот шеф на МНР на Велика Британија, Русија треба да престане „да игра карти“ со Советот за Безбедност на ООН и да започне со сериозни разговори.
„Путин треба да разбере дека ако тоа не се случи, Барак Обама ќе нападне. Обама е близу до прифаќање на решавачки мерки. Ние исто така треба да бидеме подготвени за примена на сила“, смета Овен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче