Експерти: Русија ја чека долга економска стагнација

Стагнација во Русија - и тоа долговремена. Ова е заклучокот на „Финмаркет“. Прогнозата од 25 експерти во руските и странските банки, истражувачи во институтите и големите компании како „Лукоил“ и „КАМАЗ“ - не се позитивни.

Експертите ја намалија прогнозата за економскиот раст во 2013 од 2,7% на 2,2%, а во 2014 од 3 на 2,7%. Руската економија страда од намалување на инвестициите, намалувањето на индустриското производство и намалување на побарувачката на природните ресурси.

Прогнозата на експертите е дека до 2019 година стапката на раст на руската економија нема да биде поголема од 3,3%, што за држава која припаѓа во групата држави во развој - е еднакво на долгогодишна стагнација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.