Државите на групата БРИКС ќе потрошат 100 милијарди долари за создавање резервен фонд

Државите во групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР) се поблиску до создавање на банка со капитал од 100 милијарди долари, изјави заменикот министер за финансии на Кина, Чу Гуањао.

Државите во групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР) се поблиску до создавање на банка со капитал од 100 милијарди долари, изјави заменикот министер за финансии на Кина, Чу Гуањао.

Предлогот за создавање на ваков фонд дојде од Бразил во 2012 година. Тој треба да послужи како „перничка“ во случај на криза, како и за поддршка на своите партнери од блокот.

Договорот за создавање на овој фонд е потпишан од петте држави во март 2013 година.

41 милијарди долари ќе издвои Кина, по 18 милијарди Русија, Бразил и Индија, а ЈАР ќе даде 5 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.