Руските и кинеските дипломати го напуштија затвореното советување на членовите на СБ при ООН, на кој САД повикаа да се преземат итни мерки во однос на Сирија, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извор во седиштето на организацијата.
На состанокот биле повикани сите постојани членови во Советот за безбедност на ООН: Русија, Велика Британија, Кина, САД и Франција. После еден час претставниците на Русија и Кина го напуштиле состанокот и се упатиле во главната сала на Советот за безбедност, каде се води дебата за ситуацијата на Хаити.
Се претпоставува дека во текот на денот западните земји ќе можат да донесат нацрт-резолуција која ќе го отвори патот за воена интервенција во Сирија. На примената на сила се противат Русија и Кина, кои во Советот за безбедност имаат право на вето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче