Ведомости: Русија е на 2-то место во Европа според брзината на изградба на станбен простор

Во 2012 година Русија го зазеде второто место во Европа според бројот на изградени станови, пишува „Ведомости“.

Во 2012 година Русија го зазеде второто место во Европа според бројот на изградени станови, пишува „Ведомости“, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на „Индекс недвижности“. Во 2012 година во државата се изградени 5,8 станови на 1.000 жители, што е за 75% повеќе од средниот показател за 27 европски земји - 3,3 станови на 1.000 луѓе. Пред Русија е само Франција со 7,8 станови.

Во 2012 година во Русија се изградени 838.000 станови со површина од 65,7 милиони квадратни метри. Најмногу станови се изградени во Московската област, Краснодарскиот крај и Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња