Русија засега не планира да ја засили групата воени бродови во Средоземното море поради ситуацијата околу Сирија

Командата на Воено-морските сили на Русија засега нема планови за засилување на воената група бродови во Средоземното море поради заострувањето на ситуацијата околу Сирија. Ова го пренесе за ИТАР-ТАСС извор од Министерството за одбрана на Русија.

„Во моментов нема никакви чекори за засилување на групацијата воени бродови во Средоземното море“, изјави тој, одговарајќи на прашање на кореспондент на ИТАР-ТАСС.

Во исто време изворот потврди дека „групата воени бродови може да биде засилена со еден воен брод од Црноморската флота, а исто така и со нуклеарна подморница од Северната флота“.

НАТО засега нема прифатено решение за конкретни чекори во однос на Сирија после хемискиот напад во Сирија на 21 август. Сепак, разузнавачките служби на САД воопшто не се сомневаат дека нападот е извршен по наредба на владата на Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња