Наскоро САД и нивните сојузници најверојатно ќе започнат со бомбардирање на цели во Сирија. Руските експерти сметаат дека вистинската цел не е уништување на хемискиот потенцијал, туку намалување на воената моќ на владината армија за да се обезбеди победа на вооружената опозиција. Притоа, тие забележуваат дека Москва тешко дека ќе успее да му даде на Дамаск воена помош, и треба да се сконцентрира нан дипломатската поддршка.
„Воената акција ќе изгледа како операцијата ’Кањон Елдорадо’, извршена во 1986 година против Гадафи. Не многу долга, но доста скапа“, прогнозира експертот на Институтот за стратешки оценки и анализа, Сергеј Демиденко. Тој е уверен дека Западот нема да ја одолговлекува воздушната операција и нема да ризикува во Сирија копнена инвазија, бидејќи тоа премногу скапо ќе ги чини САД.
Според мислењето на Демиденко, САД не сакаат да се вмешаат во сирискиот конфликт, бидејќи тоа „не е нивна војна“. САД се поттурнати во војна од Саудиска Арабија, Турција и Катар. За тие држави режимот на Башар Асад е трн во окото, но не можат со сопствени сили да го симнат од власт.
Политологот Сергеј Марков исто така смета дека западните армии ќе војуваат во Сирија како наемни работници за арапските монархии: „Ние имаме општоприфатена гледна точка дека во Сирија САД ќе ги употребат продолжените раце на Англија и Франција, но мене ми се чини дека ќе биде сосема обратно: Париз и Лондон овде ќе бидат лидери, а Вашингтон ќе ги следи нив, дури и со мало спротивставување. Ситуацијата е слична на либиската, но ако Франција имаше во Либија меркантилен интерес (контрола над нафтените наоѓалишта), во сириската ситуација сметам дека станува збор за банално поткупување од Саудијците и Катарците на англиската и француската влада. Притоа, парите се даваат како на државно ниво, во вид на договори, така и на лично“.
Притоа државите од Западот во Сирија ќе направат големи стратешки грешки, забележува Марков. „За жал, приморани сме да живееме во свет како хаосот расте, а расте и користењето на воената сила, кажува политологот. Нашите партнери во Вашингтон, Лондон и Париз ќе извршат сериозни грешки, дејствувајќи против сопствените интереси“. Марков напомнува: „Што САД добија од војната во Ирак? Ништо. Што добија од симнувањето на Мубарак од власт? Само изгубија. Што добија од симнувањето на Гадафи? Им го убија амбасадорот.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче