На младоженците од Москва им дозволија да поднесуваат барање за регистрација на брак преку Интернет

Барањата за регистрација на брак отсега московските младоженци ќе можат да ги поднесуваат преку Интернет, пренесува ИТАР-ТАСС.

Барањата за регистрација на брак отсега московските младоженци ќе можат да ги поднесуваат преку Интернет, пренесува ИТАР-ТАСС.

Оваа можност веќе се појави на московскиот портал на државни услуги. Отсега за поднесување барање младоженците нема да имаат потреба од одење во матично, туку само ќе треба да одат на денот на самото венчавање. Поднесувањето на барање за регистрација на брак ќе може да се изврши 6 месеци пред датата на склучување на бракот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња