Министерството за економски развој ја намали прогнозата за раст на БДП на Русија во 2013 година од 2,4 на 1,8 проценти. Ова го пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на изјава на заменикот-министер за економија, Андреј Клепач.
Исто така, според неговите зборови, намалена е прогнозата за раст на индустриското производство - од 2 на 0,7%. Процената за одлив на капитал од Русија е 70 милијарди долари.
Прогнозата за раст на економијата на Русија во 2014 е намалена од 3,7 на 2,8 проценти, а за 2015 - од 4,1 на 3,2.
Забавувањето на растот на руската економија се случува во време на засилен одлив на капитал од Русија и намалување на индустриското производство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче