Претседателот на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации, Јозеф Блатер, изјави дека побарал од раководството на Русија, која во 2018 година ќе биде домаќин на Светското првенство во фубдал, појаснување на новиот закон со кој се забранува пропагандата на нетрадиционални сексуални односи меѓу малолетниците.
Блатер наведе дека го пратил барањето во вид на писмо до рускиот претседател Владимир Путин. „Од кабинетот на претседателот Путин ми ветија дека ќе ми ја испратат сета документација во почетокот на септември“, изјави Блатер.
Претседателот на ФИФА додаде дека сака да се состане со рускиот министер за спорт, Виталиј Мутко, кој е член на Извршниот комитет на ФИФА, за време на седницата на комитетот од 3 до 5 октомври во Цирих.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче