Американците можат да ги изгубат руските ракетни мотори

Русија може да ја прекина испораката на ракетни мотори во САД (РД-180), наменети за ракетите Атлас V. Прашањето за прекинување на испораката на ракетните мотори во моментов се разгледува на Советот за безбедност на Руската Федерација, изјави за Известија информиран извор во Роскосмос.

„Со помош на ракетите од семејството Атлас, Американците ги лансираат сите свои воени сателити и опрема“, изјави претставникот на Роскосмос. „Досега Русија гледаше преку прсти на ова, но отсега прашањето е поставено на маса. На заседанието на Советот за безбедност се коментирало и за тоа дека Атлас V ракетите се користат и за перспективниот космоплан, кој во суштина е најново универзално космичко оружје, потенцијално опасен за руските сателити. Затоа сега се поставува прашањето за испорака на РД-180 во САД после 2015 година.

РД-180 претставува една половина од РД-170, најмоќниот ракетен мотор кој е некогаш создаден, користен за ракетата од програмата „Енергија-Буран“. Со самото конструирање на РД-170, Русија ги надмина САД во технологијата за ракетни мотори за барем 50 години. Во САД досега се испорачани 51 мотор РД-180. Еден мотор чини од 11 до 15 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.