Руските воени падобранци сакаат да постават нов светски рекорд

„Руските волци“, група од Западниот воен округ, чии членови се десеткратни светски прваци во падобранство, во четвртокот започнаа со припреми за светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати.

„Руските волци“, група од Западниот воен округ, чии членови се десеткратни светски прваци во падобранство, во четвртокот започнаа со припреми за светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати. На претстојното првенство спортистите сакаат да го соборат сопствениот светски рекорд во број на ротации и да освојат уште едно злато, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на прес-конференцијата одржана во Западниот воен округ.

„Западни волци“ е група составена од четири падобранци и снимач. Во светот нема подобра екипа од нив во падобранската дисциплина „ротација“. Претходниот светски рекорд (21 ротација) го поставија пред две години падобранците од Западниот воен округ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња