Во Москва апелираа на државите кои даваат изјави за можна употреба на воена сила против Сирија „трезвено да мислат“ и да не направат трагична грешка, изјави официјалниот претставник при Министерството за надворешни работи на Русија, Александар Лукашевич.
Овој дипломат исто така нагласи дека во Москва се „задоволни од конструктивната работа на сириското раководство за воспоставување на ефикасна соработка со мисијата на ООН“.
„Апелираме на сите оние кои имаат влијание на нелегалната вооружена формација активна во Сирија да извршат врз нив притисок“, заклучено е во Министерството.
Ситуацијата во Сирија се заостри откако медиумите пренесоа информација за наводна примена на хемиско оружје во предградието на Дамаск, повикувајќи се на информации од опозициските сили. Министерот за одбрана на САД, Чак Хејгл изјави дека Вооружените сили на САД би можеле да реализираат воено сценарио со цел да се реши сириското прашање доколку дојде таква наредба од Барак Обама.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче