Сите склучени договори со Русија за испорака на оружје се исполнуваат според планираното, изјави за Известија претседателот на Сирија, Башар Асад.
„Секако, ниту една држава не може да објави дека има еден или друг вид вооружување или за склучени договори за нивна испорака - тоа е државна тајна, како и тајна на вооружените сили“, изјави тој, одговарајќи на прашањето дали во Сирија се испорачани системите С-300.
„Но сакам да кажам дека сите склучени договори со Русија се исполнуваат. Ниту кризата, ниту притисокот од САД, Европа и државите од Заливот не пречат во исполнувањето на договорите. Русија испорачува во Сирија сѐ што е потребно на земјата за заштита на нејзиниот народ“, забележа Асад.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче