Руските авиоконструктори започнаа со создавање на беспилотен ловец од шестата генерација, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на поранешниот командант на Воено-воздушните сили на Русија, Петар Дејнекин.
Во моментов во Русија завршуваат тестовите на ловецот од петтата генерација Т-50. Повеќето европски држави не планираат да создаваат ловец од петтата генерација, туку ќе започнат со активно создавање на ловци од шестата генерација.
„Дополнително треба да се разработат ловци со голем радиус на дејство, а не само тоа - шестата генерација ловци ќе бидат без пилоти. На овој проект веќе започнавме со работа“, изјави Дејнекин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче