Руската влада ја усвои федералната програма за „Јакнење на единството на руската нација и етнички културен развој на народите на Русија“ за периодот од 2014 до 2020. За програмата ќе бидат издвоени околу 205 милиони долари.
Целта на програмата е јакнење на единството на населението во Русија кое е составено од многу националности, се истакнува во документот.
Се претпоставува дека реализацијата на програмата ќе доведе до развој на единствениот културен простор на Русија, до подобрување на инвестициската привлечност на регионите и зголемување на ефикасноста во користењето на етничкиот и културниот потенцијал на земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче