Шефот на комитетот за меѓународни односи во Државната Дума, Алексеј Пушков смета дека претседателот на САД, Барак Обама планира инвазија на Сирија.
„Обама тргнува во војна во Сирија, исто како што Буш тргна во војна во Ирак. Како и во Ирак, ниту во овој случај војната нема да биде легитимна, а Обама ќе стане само клон на Буш“, напиша Пушков на Твитер.
Министерот за одбрана на САД, Чак Хејгл веќе изјави дека војската е подготвена да реализира воено сценарио во Сирија доколку дојде до таква наредба од Обама. Од друга страна, Иран ги предупреди САД дека ќе има „сериозни последици“ доколку дојде до инвазија во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче