„Државите на Царинската унија ќе воведат заштитни мерки за своите пазари доколку Украина одлучи да го либерализира царинскиот режим со Европската унија“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Таквата закана, според мислењето на нашите експерти, постои. Ако нашите соседи го либерализираат царинскиот режим со ЕУ, тогаш на пазарот на Украина ќе се најде стока која е квалитетна и евтина, а тоа ќе доведи и до истиснување на украински производи од украинскиот пазар“, истакна рускиот претседател, нагласувајќи дека во тој случај државите од Царинската унија ќе мораат да воведат „заштитни мерки“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче