Младите во Русија не сакаат да бидат инженери

Руските матуранти во оваа година традиционално пријавиле поголем интерес кон хуманитарните науки. Техничките специјалности се далеку од таа популарност која се обидува раководството на Русија да ја промовира.

Најпопуларни кај руските матуранти се економијата и управувањето со персонал. А доколку се гледа според успехот на државната матура, најмногу успешни матуранти се запишуваат на факултетите за меѓународни односи.

Најмала популарност кај матурантите во Русија имаат насоките како технологија и проектирање на текстилни продукти, технологија во шумите и дрвопреработувачко производство.

Руските власти не се прва година по ред загрижени поради недостатокот на инженери. На пример, во 2011 година Дмитриј Медведев даде стипендии за студентите кои сакаат да учат на насоките кои се приоритетни за државата, односно за модернизација и технолошки развој на руската економија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња