Бојкот на Олимпијадата во Сочи: само политика, ништо лично

Големите спортски настани - средство за политички шпекулации.

Кампањата за бојкот на Олимпијадата во Сочи која е маскирана како борба за правата на руските хомосексуалци - тешко дека нешто ќе измени во животот на руската ЛГБТ-заедница. Уште сега може да се каже дека ова е еден од повеќето бесмислени бојкоти на олимпијади.

Законот со кој се забранува пропагандата на хомосексуализмот меѓу малолетниците во Русија е поддржан од 76% од граѓаните, а против него се само 17%. Тоа се реалиите во руското општество, во кое околу 90% се претставници на православната култура. Не само тоа, ситуацијата малку се разликува од таа што постоеше во Европа во последните 10-15 години.

Проблемот дополнително може да се лоцира во тоа што со Русија никој не сака да дебатира на оваа тема. Русија едноставно е обвинувана дека тргнала по патот на фашистичка Германија. Зборуваат за геноцид на Евреите во Германија и го споредуваат истиот со прогонот на хомосексуалците во Русија. И поради тоа Западот сака да ја бојкотира Олимпијадата во 2014.

Бојкотот на Олимпијадите - не е оригинална идеја. Иранците се заканија дека ќе ги бојкотираат Игрите во Лондон, Северна Кореја ги бојкотираа Игрите во Сеул. На Кина ѝ се закануваа со бојкот поради Тибет, а во Сиднеј - поради тоа што јубилејните игри во 1996 година не се одржаа во Грција. Апотеоза на ова, секако, беше бојкотот на Олимпијадата во 1980 во Москва, и одговорот на СССР во 1984 во Лос Анџелес.

Поводите беа разни, механизмот еден. Ништо лично. Само политика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња