Во Русија ќе се појави база на податоци за сите факултети и училишта во државата

Премиерот Дмитриј Медведев ја потпиша резолуцијата за создавање на единствена база со информации за сите образовни институции во државата.

Премиерот Дмитриј Медведев ја потпиша резолуцијата за создавање на единствена база со информации за сите образовни институции во државата. Рособрнадзор ќе се зафати со создавање на деталите на овој систем. Во базата ќе можат да се дознаат резултатите на сите проверки и тестови во факултетите и училиштата.

Резолуцијата „За државниот информатички систем за државна контрола во образованието“ премиерот Медведев ја потпиша на 21 август. „Со ова ќе се помогне реално да се оценуваат резултатите од работата на образовните институции, и тоа по стандард кој ќе биде единствен за сите региони во нашата држава“, изјави Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.