Русија ќе испорача на Виетнам 12 ловци Су-30МК за 450 милиони долари

Русија склучи со Виетнам договор за испорака на 12 мултифункционални ловци Су-30МК за сума од околу 450 милиони долари, пренесува РИА Новости.

Русија склучи со Виетнам договор за испорака на 12 мултифункционални ловци Су-30МК за сума од околу 450 милиони долари, пренесува РИА Новости.

„Слична модификација претходно е испорачана и во Кина. Цената на еден ваков авион е од 35 до 37 милиони долари“, пренесе извор во Министерството за одбрана.

Во 2009 година Русија и Виетнам исто така склучија договор за испорака на осум ловци Су-30МК2 без вооружување. Во февруари 2010 година тие потпишаа договор за испорака на уште 12 ловци Су-30МК2 со вооружување, при што зделката тогаш изнесуваше околу 1 милијарда долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња