Организаторите на конкурсот „Мис Вселена 2013“ нема да го менуваат местото на одржување на оваа манифестација и покрај законот за забрана на хомосексуалната пропаганда во Русија.
Претходно американскиот продуцент Енди Коен, кој требаше да биде водител на конкурсот, се откажа од доаѓањето во Русија како знак на протест против „антигејскиот“ закон.
Организаторите на „Мис Вселена 2013“ на интернет-страницата TMZ.com потврдија дека изгласаниот закон во Русија ги нарушува клучните принципи на нивната организација, но и покрај тоа, не се планира пренесување на манифестацијата од Москва во друг град.
Конкурсот ќе се одржи на 5 ноември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче