Министерството за одбрана на Русија го тестира јуришното беспилотно летало „Ворон-333“

Министерството за одбрана на Русија нарача тестирање на јуришниот беспилотен хеликоптер „Ворон-333“, кој го произведува Московскиот авиоинститут.

Министерството за одбрана на Русија нарача тестирање на јуришниот беспилотен хеликоптер „Ворон-333“, кој го произведува Московскиот авиоинститут.

Беспилотното летало може да остане во воздух 2 часа, да превезува 12 килограми товар и да дејствува во радиус од 10 километри. На него може да се иснталира ракетен комплекс, автомат Калашников, газоанализатор, хиперспектрален радар како и друга техника.

Во хеликоптерот се наоѓа автопилот, интегрирани системи ГЛОНАСС и GPS. Хеликоптерот има можност за автоматско враќање на стартната позиција во случај да откаже радио-каналот, а исто така може и да се самоуништи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.