Членот на партијата „Единствена Русија“, Алексеј Журавлев подготви законски проект со кој ќе им се забрани на државните структури да купуваат службени автомобили поскапи од 22.500 евра, пренесува „Известија“.
Чиновниците ќе можат да патуваат со автомобили поскапи од 22.500 евра само вон работното време, и само доколку истите ги купиле со сопствени средства. Според авторот на овој законски проект, за поддршка на овој закон веќе се собрани 146.000 потписи.
Претходно беше изјавено дека Думата подготвува законски проект, според кој максималната цена на автомобилите за чиновниците треба да биде 75.000 евра. Најмногу критики беа упатени до чиновниците од Северниот Кавказ, каде се набавувале автомобили 5 пати поскапи од просечните автомобили за чиновниците во државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче