Во Русија сакаат да воведат тотална контрола врз Интернет

На официјалната интернет-страница на Министерството за комуникации во Русија се појави документ „Теза за концепцијата за развој на мултисервисните комуникациски врски за општа употреба во Руската Федерација“. Со разработката на овој проект во Русија се планира воведување на тотална контрола врз Интернет, пишува Комсомолска правда.

На официјалната интернет-страница на Министерството за комуникации во Русија се појави документ „Теза и концепција за развој на мултисервисните комуникациски врски за општа употреба во Руската Федерација“. Со овој проект во Русија се планира воведување на тотална контрола врз Интернет, пишува Комсомолска правда.

Федералните служби би имале слободен пристап до целиот интернет-сообраќај. Овој проект засега е само план, но претставниците на руската интернет-јавност веќе се изјаснија против него, истакнувајќи дека ваквата шема во целост ги исклучува независните интернет оператори.

Ситуацијата во Русија сè повеќе потсетува на Орвеловата антиутописка фантазија.

Да потсетиме дека на 1 август почна да функционира антипиратскиот закон. До 10 август се потпиша петиција и иницијатива за укинување на овој закон. Петицијата собра 100.000 потписи, што е доволно за да се разгледа повторно овој закон во Државната Дума. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња