Русија поднесе барање до Обединетите Нации за проширување на економската зона широка 200 милји на брегот на Охотското море, и очекува барањето да биде разгледано веќе во првата половина на 2014 година. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на заменикот-министер за природни ресурси на Русија, Денис Хамов.
Површината на континенталниот шелф за кој Русија се бори изнесува околу 50.000 квадратни километри и формално не припаѓа на ниедна држава. Според податоците од геолошките истражувања, оваа територија е богата со природен гас и нафта, руди, метали како и со други рудни богатства.
Русија ја бара оваа територија врз основа на Конвенцијата на ООН за морско право, со која се дозволува економската зона на крајбрежната држава да се прошири, доколку истата претставува природен продолжеток на брегот на континентот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче