СБ при ООН нема да покрене истрага за хемискиот напад во Сирија поради позицијата на Русија

Русија и Кина не го потпишаа писмото со барање за истрага за примената на хемиско оружје во Сирија, пренесува Ројтерс.

Русија и Кина не го потпишаа писмото со барање за истрага за примената на хемиско оружје во Сирија, пренесува Ројтерс.

Во документот, кој беше адресиран на генералниот секретар на ООН, 35 држави, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Франција – повикуваат група експерти на чело со шведскиот професор Оке Селстром веднаш да започнат истрага за хемискиот напад. Сепак, Русија и Кина не се согласија со тоа.

Претходно руското МНР изјави дека рачно изработената ракета најверојатно е лансирана од страна на бунтовниците, а не од војската на Башар Асад. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња